Деновиве во ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес во рамките на предметот Содржини програмирани од училиштето – отвори ученички компании во класовите 3-6 и 3-7 под менторство на професорката Елена Јосифоска а во соработка со Junior Achievment Macedonia. Преку оваа програма се основаа и регистрираа 15 училишни компании. Училишните компании имаат за цел да развиваат бизнис идеи со примена на досега стекнатите знаења во енергетика, електроника и компјутерска техника, а при тоа да ја будат еко свеста кај младите и потребата од рециклирање и реупотреба на материјалите за спас на планетата Земја. Компанијата со најдобра идеја ќе учествува на националниот натпревар што ќе го организира Junior Achievment Macedonia.
