
Априлијада во ССОУ Коле Неделковски Велес

Презентација на машинската и електротехничката струка на часот по Иновации пред учениците од ООУ “Рајко Жинзифов” Горно Оризари

Одржана средба помеѓу франкофонски професионалци –Алумни и ученици – франкофони од нашето училиште.
Францускиот Институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Република Македонија по повод отворање на месецот на Франкофонијата и во склоп на регионалниот проект за поддршка на наставата по француски јазик во образовниот систем на Р. Македонија, за којшто Француската Амбасада има потпишано и Меморандум со Министерствотo за образование и наука се одржа средба помеѓу франкофонски професионалци – Алумни и ученици – франкофони од нашето училиште на ден 23.03.2023 год.
На средбата поздравен говор и презентација на активноста имаа г-ѓа Сузана Пешиќ – одговорна за образовна и универзитетска соработка на оделот Кампус Франс и г-ѓа Мишела Темков – универзитетски професор, стипендист на француската Влада, која има завршено магистратура во Франција. Според предвидената агенда се одржа Тркалезна маса (Table ronde) каде што учениците со помош на Модераторот – Никола Димовски, професор по француски јазик, имаа можност да поставуваат прашања до Алумните во врска со предностите и придобивките од изучувањето на францускиот јазик. Средбата заврши со мал коктел на којшто учениците имаа можност да го пробаат надалеку познатото француско сирење Камамбер.
На часовите по иновации во ООУ “Блаже Конески”

Претставување на студиските програми на бизнис академијата Смилевски

Новогодишен базар

Привршуваат активностите од реновирањето на ходниците на првиот и вториот кат на училиштето
Одржана обука на вработените за изработка на самоевалуација на работата на училиштето
