Како дел од активностите по повод Патрониот празник на училиштето, на ден 09.12.2022 во мултифункционалната сала се одржа Литературно читање на дела од автори од англиското говорно подрачје. На настанот учество земаа ученици деветтоодделенци од основните училишта од градот. По завршувањето на читањето, учениците Филип Петровски и Роберт Јовановски од паралелка 4-5, имаа активност – дискусија на тема Social media and its effects on the youth. Прво место освои ученичката Ивана Милошева-ООУ Васил Главинов, второ место. Лилјана Андовска-ООУ Блаже Конески и трето место, Јаков Ѓоргоски-ООУ Блаже Конески.