Учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес денеска заеднички со учениците од основните и средните училишта во општината го одбележaa 14 –ти Март – Меѓународниот ден на еден од најпрепознатливите ирационални симболи – бројот π, а воедно и Mеѓународен ден на математиката. Настанот беше организиран од Здружението на математичари – Велес во соработка со Младинскиот центар Велес и се одржа во медиатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес под мотото „Математика за секого“.
Нашите ученици подготвија предавање за примената на оваа математичка константа во математиката, како и во други науки. Беше презентиран огромниот интерес кај математичарите почнувајќи од античкиот период кога вредноста на овој број се пресметувала геометриски, па се до дигиталниот период кој се однесува на компјутерското пресметување на бројот π кога се постигнати пресметки со над милјарда децимални места. Учениците од профилот компјутерска техника и автоматика подготвија и поделија пораки за бројот Пи и за математиката, додека пак учениците од угостителската струка подготвија и послужија вкусни мафини и торта во чест на овој ден.
Честитки за сите, нека ни е честит Денот на математиката !!!