Одржан Национален натпревар на најдобри ученички компании

Од 10-12.05.2023г. во Струга се одржува Национален натпревар на најдобри ученички компании во организација на Junior Achievement Macedonia. Во таа категорија од нашето училиште се пласираше Ученичката компанија SMART SKY SUIT (Симона Антониевска, Виктор Пешов, Благица Видева, Антонио Ристовски и Бојана Јанкова од 3-7клас под менторство на Елена Јосифоска). Членовите на компанијата денес го презентираа својот производ пред шестчлена комисија. Натпреварот продолжува утре.